Судот во Србија му изрече казна затвор во траење од 20 години на наркобосот Дарко Шариќ. Наркобосот е обвинет за криумчарење на 5,7 тони кокаин од Латинска Америка во западна Европа.
Шариќ и неговиот адвокат не присуствуваа во судницата, но најавија тужба за пресудата. На повеќегодишни казни се осудени и други членови од групата која криумчарела дрога.