20 годишен човек застрелал 3 годишно девојче, нарекувајќи ја претходно ку*ва


Во Детроит непознат човек застрерал 3 годишно девојче нарекувајќи го најпрвин ку*ва, изјавила нејзината мајката. Дваесетгодишниот човек почнал да дофрла навредливи зборови, додека малото девојче си играла со нејзина другарка.

Нејзината мајка Латина Едвардс се приближила да ја одбрани својата ќеркичка од вербалните напади.
„Му реков на него, но и на неговите другари да не и се обраќаат на ќерка ми повеќе и да прекинат со навредливите зборови“, изјави Едвардс.
Едвардс која е во петмесечна бременост ја зела нејзината ќеркичка во комбето на својата другарка со цел да ги избегнат злосторниците.
Според изјавите на полицијата дваесетгодишникот започнал да пука кон комбето.
„Тој директно посочи со пиштолот во количката и почна да пука“, изјави Едвардс.
Куршумот завршил во ногата на детето. Во моментов тригодишната Амириа се опоравува од повредите во болница во Детроит.


Полицијата изјавила дека има осомничен, но засега сеуште го нема приведено.
Мајката е шокирана од голем број на луѓе кои биле сведоци на настанот, но се плашат да го пријават, а дел од нив и му помогнале да ги избегне полициските служби. Таа е фрустрирана од замолченоста на заедницата.
„Ве молам да помогнете да се фати овој човек. Тој е познат и сите го познаваат“, изјавила Едвардс, а посочи дека нема намера да се врати во нејзиното соседство, поради стравот за животот на нејзината ќерка.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1