Дваесетиедногодишна Британка пријави две момчиња- дваесетгодишно момче од Саудиска Арабија и десет години постар маж од Јемен дека ја силувале на јахта во близината на Хвар на Хрватското приморје.
Младата Британка двете момчиња наводно ги запознала во ноќен клуб во Хвар па заедно отишле на јахтата каде имало поголемо друштво. Кога стигнале на копно го пријавила силувањето а полицијата веднаш ги привела осомничените. Двајцата се пуштени на слобода но им се одземени пасошите.
Тие негирале дека сториле такво нешто, наведувајќи дека се било на доброволна онова.
Против нив покрената е истражна постапка.