Српската полиција го уапси 23- годишниот Александар Шундиќ осомничен дека во белградската населба Медаковиќ ја задавил својата девојка, 25- годишната Стела Гундељ.
Според српските медиуми, мотив за убиството најверотно е љубомора, што за Блиц го потврдиле и пријателките на Стела.
За тоа со какво расположение бил осомничениот убиец, говорат неговите последни статуси на Фејсбук. Така нан 26-ти минатиот месец тој постирал видео од Тоше Проески во кое ја пее песната “Бацила је све нзи ријеку”.
Покрај видетото тој ги допишал и следните стихови од таа песна:
– Нек чује бол у песми коју пјевам њој, само њој. Заувек нека носи на срцу знак, Живот је један она бацила – стои на неговиот профил, по што тој повеќе на пишувал на Фејсбук.
Телото на Стела вчера полицијата го пронајде во станот во Медаковиќ и тие веднаш се посомневале дека е убиство по хематомите на вратот на девојката.
Според Блиц, Шундиќ вчера излегол од тој стан каде девојката живеела под кирија, и му се јавил на најдобриот пријател при што му рекол:
– Се скарав со Стела. Мислам дека ја убив. Брзо дојди во нејзиниот стан – по што спуштил слушалка, а пријателот повикал Итна помош.
Извор – Сител