Уште еден Албанец од Македонија е убиен на боиштата во Сирија, пишуваат албанските новински агенции. Се работи за 23 годишниот Исени кој е по потекло од скопското село Арачиново, со место на живеење во Скопје.Засега сеуште е непознато во која од воените формации учествувал скопјанецот.
Исени на боиштата на Блискиот Исток заминал на почетокот од 2014та, на 19 годишна возраст. Веста за загинувањето неговото семејство ја добило од негови другари со кои заминал на сириските боишта.
Од 2012 година регистрирано е учество на 100тина македонски државјани во војните во Сирија и Ирак, а изминативе години 20-тина од нив ги загубиле своите животи.
Претходно како дел од мерките за намалување на ваквите појави беа направени и измени во Кривичниот законик со кои учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации ќе се казни со најмалку 4 години затвоир, додека казната за организирање и финансирање ова дело со најмалку 5 години.
Sitel.mk