233 студенти загинаа 131 со изгореници во пожарот во диско – Видео од спасувањето


Бројот на жртвите во пожарот во ноќниот куб „Kiss” во градот Санта Марија, 300 километри од главниот град на сојузната бразилска држава Риу-Гранде до Сул, Порто Алегре, е прецизиран во неделата навечер на 233 луѓе, а 131 лице е повредено.

victims-nightclub-fire-receive

Пожарот се случи ноќта кон неделата за време на концерт на рок-групи. На концертот кој бил проследен со пиротехничка точка присуствувале најмалку илјада луѓе а според некои информации и повеќе од две илјади, претежно студенти на локалниот универзитет.

Аргентина ќе испрати во Бразил донорска кожа за лекување на настраданите во пожарот во ноќниот клуб во градот Санта Марија во јужниот дел на земјата, соопшти во неделата министерството за здравство на Аргентина.

„Ние ќе им доставиме на нашите бразилски колеги толкаво количество донорска кожа, колку што е можно да се земе од резервите на банката за кожа на Педијатриската клиника ‘Хуан Гарахан’ во Буенос Аирес”, соопшти аргентинското министерство за здравство.

photophoto-86

Како што се произлегува од соопштението, лекарите за трансплантација на кожа од бразилската држава каде што случи трагедијата, се обратиле до своите колеги во Аргентина со барање за донирање кожа за лекувањето на пациентите со тешки изгореници.

photo-733Шефот на аргентинскиот Централен институт за ампутации и трансплантација, Карлос Сорати изјави дека донорската кожа ќе им биде доставена на бразилските лекари „во најскоро време”.

Според него, лекарите во регионот веќе имаат искуство со таквата соработка во минатото, во случаите на големи несреќи и природни катастрофи.

Makfax

Видео +18 : Трагедија – Пожар во дискотека, загинаа над 200 студенти

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1