24 македонски ергени ќе заминат по невести во Украина


Трошоците за посредништвото, патот и за администрирањето ќе ги преземат од општината, бидејќи тоа ќе биде нивната стимулација за ергените да формираат семејства, а со тоа и да го зголемат наталитетот, кој последниве децении е под сите минимуми, пишува Нова Македонија.

maticno nevestaВо идните две недели 24 ергени од Македонски Брод и околните места треба да заминат во Украина за да си најдат невести, соопшти Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод, кој е творец на оваа акција што има цел да се намали бројот на повозрасните ергени во општината.

Тој информира дека најголем број кандидати се на возраст од 35 до 40 години, што е задоволителна старост за формирање семејство.

– Од кандидатите што ќе патуваат за Украина околу 60 проценти се од Брод, додека преостанатите 40 проценти се од руралните средини. Во однос на вработеноста, 16 кандидати се вработени, додека 8 ергени се во потрага по работа. Деновиве очекуваме од битолското здружение за посредништво „Аманет“ да нѐ информираат кога точно ќе треба да отпатуваме за Украина и од кој регион од оваа земја ќе бидат идните поречки невести – додава Војнески.

Токму увезените невести од Албанија го зголемија наталитетот во Бродско, бидејќи на свет донеле дури 198 новороденчиња. На крајот Војнески додаде дека трошоците за посредништвото, патот и за администрирањето ќе ги понесат од општината, бидејќи тоа ќе биде нивната стимулација за ергените да формираат семејства, а со тоа и да го зголемат наталитетот, кој последниве децении е под сите минимуми.

Извор: Нова Македонија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1