Казна од 400 евра за користење септичка јама


Hand giving Euro banknotes money

Сите оние кои имаат можност да се вклучат на канализациската мрежа, а тоа не го направиле до сега ќе бидат казнувани по Законот за води и одведување на отпадни води во кој се забранува користење на септички јами секаде каде што има соодветна мрежа.

Комунални инспектори од градот Скопје и општината Ѓорче Петров заедно ќе излезат на терен во населените места Волково, Волково-Пржина, Стопански двор и Кисела јабука во контрола на невклучените објекти на системот од канализациска мрежа таму каде што има можности за вклучување.

Ќе бидат казнувани сите оние кои не се приклучени во мрежата. Висината на казната изнесува 400 евра во денарска противвредност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1