Во судир на автомобил и минибус, загина 26 годишна жена, која го управувала возилото, а повеќе луѓе се повредени. Тешката сообраќајна несреќа се случи денеска околу 11 часот на стариот пат Охрид-Струга, кај селото Подмоље, јави Телма.
Сите повредени, кои се патници на минибусот, се надвор од животна опасност и се згрижени во специјалната болница „Свети Еразмо“, како и во општата болница во Охрид. Дел од нив по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.