По претходна пријава од дежурната служба на СВР Струмица, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица вчера попладне изврши увид во куќа во Радовиш во која е пронајдено безживотно тело на 26 годишен маж.
-По Наредба на јавниот обвинител повикан е дежурен обдуцент од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој според првичните сознанија утврдил дека се работи за насилна смрт.
Од местото на настанот се земени биолошки траги и докази и по Наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција со што ќе бидат утврдени причините за смртта, информираат од обвинителството.
Починатото лице било пронајдено во текот на вчерашниот ден во куќа во Радовиш, од страна на сопственикот на куќата.