29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 177 дијагностицирани пациенти


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 108
  • Дебар (41) – 1 починат
  • Куманово (11) – 1 починат
  • Штип (7)
  • Велес (3)
  • Кавадарци (2)
  • Охрид (2)
  • Прилеп (2)
  • Гостивар (1).
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1