Повеќе од 300 полицајци, крајбрежната стража, хеликоптери и кучиња трагачи се вклучија во потрагата за три годишниот Микаел Кулар од Единбург
Микаел мистериозно исчезна од својот дом. Последна која го видела е неговата мајка, пред три ноќи кога го оставила да спие во неговата соба.Микаел ја делел својата соба со сестрата близначка која таа ноќ не спиела заедно со него.
Микаел Кулар последен пат е виден во средата на вечерта кога неговата мајка го заспала околу 21 часот. Кога утрото во 7 часот и 20 минути дошла во неговата соба, детето не било таму.
Пребарала секаде но од него немало ни трага ни глас.
Детето има уште четири браќа и сестри, од кои една близначка, високо е 90 сантиметри, на себе има бела јакна со капа и сиви чевли. Потрагата се проширила на цела Велика Британија, а во целта на истрагата, отворена е и посебна линија за сите оние кои знаат нешто за ова момче.