3 год дете што испи Хептанон е клинички мртво – родителите ги донираат органите.


Тригодишното момченце кое по грешка го испило Хептанонот на неговиот татко зависник е и клинички мртво. Родителите ги донираат неговите органи.

Детенцето е клинички мртво, а виталните функции му ги одржуваат апаратите на кои е приклучен во клиничкиот центар во Загреб.

Полицијата ги уапсила родителите – 37 годишниот татко и 30 годишната мајка. Против нив е поднесена кривична пријава за запоставување на детето.
Лекарите го одложуваат исклучувањето за да дојдат родителите да го видат детето. Судот веќе им дозволил да дојдат и да го видат синот пред да му бидат исклучени апаратите.

По сртта на детето ги очекува и кривична пријава за убиство.

Трагедијата се случила на 10 јули кога момчето ги пронашло случајно шишенцата со хептанот на таткото зависник и ги испил. Вечерта детето повраќало, а утрото родителите повикале брза помош.

Кога го донеле детето во болница веќе имал дамки на очите, што е показател за клиничка смрт и престанок на работата на срцето. Иако лекарите знаеле за што се работи, полицијата ја известиле дури 5 часа подоцна.

Во Хрватска Хептанонот на зависниците им се дава во течен облик за да се спречи злоупотреба.

Кога на родителите им кажале дека нивниот син е веќе мртов, одлучиле да ги донираат неговите органи за да се спаси нечии друг живот.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1