По 3 години затвор добија шестмина насилни демонстранти од протестите кои на почетокот на месецов се одржаа во Скопје против пресудата во случајот Монструм.
Сите шестмина одговараат за учество во толпа која ќе стори кривично дело, објави Прес24 . Еден обвинет добил ослободителна пресуда, додека за едно лице, обвинителството се откажа од обвинението.
Во протестите против Монструм повредени беа дваесетина полицајци и беше причинета значителна материјална штета.