Возачот на “фордот’ под полициски надзор – мајката на бебето во тешка депресија


Марија Маринковиќ од Чуприја, која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа кај Демир Капија во која загина нејзиното осуммесечно бебе, трагичната вест ја дознала по неколкучасовната операција на рбетот кој и бил скршен и сега се наоѓа во тешка депресија, пишува српски Ало.

radojkovic

Нејзиниот сопруг Драган, по отпуштањето од болница веднаш отишол да ја посети неа и петгодишниот син Матеј кој не знае дека му загинало братчето Андриј.

s002– Матеј има скршеници на бутната и карличната коска. Таткото постојано бдее над нив, изјавиле за Ало од Клиничкиот центар во Скопје. Драган Маринковиќ го посетил и неговиот помлад брат Никола (24) кој се уште не се разбудил од кома по повредите на главата и градниот кош и за чиј живот се борат лекарите. Во посета на повреденото семејство дошле и таткото на Драган, Мирољуб и неговиот брат Александар (35). Мајката Дивна (65) останала дома чекајќи информации за своите најмили непрестанувајќи да плаче за осуммесечниот внук Андрија.

БРУКА: Очевидци – Брза помош стаса по 30 мин, бебето не го ни земаа проценија дека е стабилно

– Се молам за моите деца да ми се вратат живи. Се обидувам да им се јавам, да им испратам сила да издржат и да се вратат кај мајка. Се молам Никола да ми се разбуди од кома и со Марија да биде се во ред. Кога го видела татко и само рекла „тато“ и паднала во несвест. Молам Бога да ми се спасат децата. Каде го пуштив Никола да оди… отиде да му помогне на брат му при возењето. Тој никогаш не бил во Грција, раскажува Дивна.

sooМајката вели дека Никола студирал трета година на правен факултет во Крагуевац, а Марија и Драган веќе шест години работеле во Швајцарија. На пат кон Грција, кај Демир Капија, возач на форд фиеста претекнувал камион и преминал на нивната лента. Драган немал каде да оди затоа што од десната страна е Вардар. Според зборовите на мајката, Драган само кренал раце и рекол „нека биде што биде“. Фисетата налетала од десната страна на шкодата фабија каде седеле Никола и Марија (30) со децата.

Во Скопје се упатиле и мајката и сестрата на Никола Гавриловиќ (20) од село во близина на Ниш, еден од тројцата повредени патници од фордот. Никола во сударот добил повреди на бутната коска и карлицата. – Тој замина на море со неговиот школски другар Рајко Радојковиќ кој управувал со фордот и неговата девојка Милица, вели неговиот татко Милорад Гавриловиќ. – Седел на задното седиште. Вчера беше опериран и се разбудил од анестезијата. Се опоравува. Ние се уште не ги знаеме деталите. Како можело да биде, тие добро минале, но е страшно што во другата кола настрада бебе. Тие се само повредени и ќе се опорават, но тоа што замианло не може да се врати, рекол Милорад. >Милица Нововиќ, која исто била со нив во автомобилот според информациите на српскиот весник, живеела во Франкфурт и имала германско државјанство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1