Видео од кражбата и престрелката во центарот на Дебар


Порталот Алмакос објави есклузивно видео од престрелката во центарот за Дебар, кога четворица  маскирани лица се обиделе да ја ограбат златарницата во центарот на Дебар. Сопственикот пукал и ранил еден од нив, додека другите побегнале.

grabez-630x472Вооружените разбојници како во холивудски филм, се обиделе да ограбат две златарници, а при престрелката потешко е повреден еден од вработените, додека вториот повреден е случаен минувач.

Неколкумината разбојници, кои стрелале со автоматски пушки, побегнале со џип којшто исто така го украле од местото на настанот. По нив трага полицијата.

Граничнииот премин Блато, кај Дебар, кон Албанија во моментот е привремено затворен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1