Потрагата по тригодишното дете, кое вчера падна во водите на реката Треска, не престанала и продолжува и во текот на денешниот ден.
Детето вчера околу 18 часот се лизнало играјќи си покрај реката кај Чичино село, а мајката го пријавила случајот во полиција.
Полициските спасувачки екипи пребаруваат долж течението на реката Треска од Чичино село кон село Грчец.