Оваа фотографија настанала во војната во Сирија, каде цивилното население трпи најтешки последици на судирот меѓу силите на режимот и бунтовниците.
Молскавично се шири на социјалните мрежи, а посебно е потресна приказната зад фотографијата.
Наводно, момчето претрпело тешки повреди, вклучувајки и внатрешни крварења кои докторите не можеле да ги санираат.
Иако така мало, само три години, момчето почуствувало дека ќе умре.
Пред да почине, како што се вели, момчето рекло: Сите ќе ве кажам на Бог!