Тригодишно девојче, нејзината мајка и 57-годишна жена се повредените во сообраќајната несреќа што се случи утрово на автопатот Петровец-Скопје, пишува Курир.
Девојчето и 57- годишната жена се веднаш биле префрлени во Ургентниот центар во Скопје, но за среќа поминале со лесни телесни повреди, велат од СВР Скопје.
Инаку утринава околу 9:15 часот три лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Петровец-Скопје.
Од СВР Скопје за Курир велат во несреќата учествувале „Ланд Ровер“ во тетовски регистерки таблички, товарно возило „Цитроен“ со штипски ознаки и автомобил „Фиат“ со скопски таблички.
Трите повредени лица се итно пренесени во Ургентен центар.