3 кандидати за градоначалници се потенцијални кодоши


Комисијата за верификација на фактите од една од четирите надлежни институции доби повратна информација дека три лица од кандидатите за носители на јавна функција како советници и градоначалници фигурираат во нивната евиденција, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Предраг Димитровски.

spy-on-cell-phonesТој информира дека за денеска во 13 часот закажа е седница на која членовите на Комисијата треба да се изјаснат дали тие три лица биле соработници на тајните служби од идеолошко-политички или од партиски причини.

– Комисијата за верификација на фактите ја исполни обврската и во предвидениот рок ги испрати до Управата за безбедност и контраразузнавање, Државениот архив, Агенцијата за разузнавање и Воената служба за разузнавање при Министерството за одбрана проверените кандидатски листи, односно на 6.339 лица-кандидати за носители на јавна функција како советници и градоначалници, рече Димитровски.

Ова е првпат Комисијата за лустрација да биде директно вклучена во изборниот процес. – На минатите локални избори кандидатите поднесуваа изјави заверени на нотар дека не биле соработници на тајните служби и ги доставуваа во ДИК со оглед дека тогаш Комисијата за лустрација не беше формирана и не функционираше, додаде тој.

Овој изборен циклус, како што рече, покажа дека Комисијата за верификација на фактите целосно ја исполни својата законска обврска во предвидениот рок. – Дали и колку известувања ќе дојдат од четирите надлежни институции ќе видиме следниве два-три дена, меѓутоа членовите на Комисијата се тука да одлучуваат по сите известувања евентуално што ќе бидат добиени, истакна портпаролот Димитровски.

Миа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1