3 лица починале – јаделе колбаси, откриено од која позната бактерија се заразиле


Најмалку три лица починале, а повеќе од 10 се заразени со бактерии од групата листерија, а нивната болест може да се доведе во врска со заразниот колбас од германската покраина Хесен.

Во тие колбаси била откриена листерија, која може да предизвика смрт кај луѓето со слаб имунитет, па фабриката која произведива колбаси била затворена на почетокот на октомври и тоа со одлука на судот.

Во тек е истрага, која треба да покаже дали заразените лица навистина починале затоа што конзумирале спорни производи, или причината за инфекцијата е од друо место.

„Во моментов испитуваме дали навистина постои поврзаност меѓу инфекцијата и смртните случај и какви симптоми имале лицата заболени од листериоза“, изјавил портпаролот на обвинителството Андреас Тене.

Обвинителството исто така испитува дали има основа за кривично гонење на произведувачот поради заразеност на производот. Обвинителството во Касел спровело истрага против директорот на фабриката поради убиство од невнимание.

Инфицираните луѓе дошле во контакт со соја бактерија „Сигма1“, а токму таа е најдена во наведените производи.

Сепак, лицата кои починале имале и друи значајни болести, исто така смртоносни.

Во меѓувреме, произведувачот на колбаси заминал под стечај.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1