Поминале 3 децении како жртви на присилен брак. Спасени се откако се јавиле на телефон на хуманитарна организација кој го виделе на ТВ.
Трите жени кои живееле живот на робинки биле под јаремот на маж и жена, двајцата на возраст од 67 години.
Робинките биле од Малезија, Ирска и Британија, на возраст од 69, 57 и 30 години, живееле под константна физичка и психолошка тортура – пишува Дејли меил. Иако биле исплашени за својата безбедност, се охрабриле да се јават на хуманитарната организација „Фридом черити“ и под надзор од полицијата ја напуштиле куќата во која биле заробени.
Никој од соседите не знаел што се случува во таа куќа. Секоја од нив имала своја соба а подалеку од влезната врата не смееле да стапнат. Во длабоко трауматизирана состојба тие се пренесени на тајна локација.
Мажот и жената кои ги држеле жртвите во заробеништво се уапсени.