kidnapiraniТрите жени кои живееле живот на робинки биле под јаремот на маж и жена, двајцата на возраст од 67 години.

Робинките биле од Малезија, Ирска и Британија, на возраст од 69, 57 и 30 години, живееле под константна физичка и психолошка тортура – пишува Дејли меил. Иако биле исплашени за својата безбедност, се охрабриле да се јават на хуманитарната организација „Фридом черити“ и под надзор од полицијата ја напуштиле куќата во која биле заробени.

Никој од соседите не знаел што се случува во таа куќа. Секоја од нив имала своја соба а подалеку од влезната врата не смееле да стапнат. Во длабоко трауматизирана состојба тие се пренесени на тајна локација.

Мажот и жената кои ги држеле жртвите во заробеништво се уапсени.