Кога Мајкл Мотс станал сопруг на нејзината мајка Бети, Џулија имала само 4 години. Тој наводно бил насилник и алкохоличар кој ги тероризирал трите деца на Бети. Ерик Робертс тврди дека Мотс го уништил нивното детство, а самиот Мотс од кого Бети се развела, вели дека ќе напише книга за да „ги поправи невистините“ кои се зборуваат за него.