30 години го барала другарот – ја хипнотизирале за да се сети што се случило – се стаписала


Џанет Холт, повеќе од 30 години го жалела својот пријател кој без трага исчезнал. Под хипноза дознала дека нејзиниот пријател силувал жени, и дека таа е убиец

Британката Холт, пред 37 години работела на една фарма кога нејзиниот деловен пријател Фред Ханфорд исчезнал. Покрај опсежната истрага, од Ханфорд немало никаква трага, а Џанет цело време била уверена дека нема апсолутно никакви сознанија за неговото исчезнување, но речиси 40 години подоцна, и открила на полицијата дека го убила откако ја силувал.

hipnoza-pacijenata-ubrzava-lijecenje-i-oporavak-nakon-raka-504x335-20110624-20110614131004-04578e1999320ce4d4da5b6099e570e4Џанет со години имала кошмари во кои се појавувал Ханфорн, па се одлучила да направи хипноза за да дознае дали има нешто закопано длабоко во нејзината потсвест, што би можело да ја реши мистеријата околу исчезнувањето на нејзиниот пријател.

Британката во 2011 година дознала дека токму таа го убила Ханфорд, откако два пати ја силувал. Потоа неговото тело го закопала на заедничката фарма.

-Не можев да верувам дека сум убила некого. Останав запрепастена, но знаев што морам да направам па и се предадов на полицијата. Не сакам да одам во затвор, но сакам правдата да победи и да се пронајдат остатоците на Фред- вели Џанет.

Во 1986 година, кога Фред исчезнал, Џанет имала 26 години, а на фармата работела од својата 14-та година.

Вели дека Фред и бил како татко, но едно утро се разбудила без никакво сеќавање за изминатите четири дена.

-Бев избезумена кога дознав дека Фред исчезнал, но никогаш не помислив дека јас сум му наштетила- додава таа.

На полицијата и кажала каде го сокрила телото, но на таа локација ништо не е пронајдено, така што истрагата останува отворена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1