30 ГОДИНИ ЖИВЕЕ И Е ОЖЕНЕТ ВО МАКЕДОНИЈА, НО НЕМА ДРЖАВЈАНСТВО


Триесет години живее во  земјава, се школувал и оженил тука, но македонско државјанство нема. Сафет Асановиќ од велешко Оризари секојдневно се соочува со проблеми бидејќи не е државјанин во земјата во која живее. Раскажува дека неговите родители од Србија  се доселиле во шеесетите години од минатиот век, пренесува Телма.

ORIZARI_LICEБидејќи е тука роден има лична карта но, се уште има статус на странец со привремен престој, па пасош нема, иако вели, се чувствува како Македонец. До сега никогаш не патувал во странство, работи во градежништво, но на „црно“, вози автомобил без возачка, а единствено место каде што државата го впишала како  нејзин граѓанин е казната за прекршок.

Истиот проблем го имаат и  неговиот брат и сестра. И тие неколку пати се обиделе да  добијат државјанство, но според законот, од  првото барање треба  да поминат осум години редовно пријавување во Министерството за  внатрешни работи, по што се стекнува повторно со право да аплицра  за државјанство. Во меѓувреме тие се снаоѓаат како знаат и умеат.

Ако сте дете на странци и се родите во Македонија, не значи дека сте нејзин граѓанин, пишува во законот за државјанство. Мора да поминете низ низа административни процедури и да престојувате осум години како евидентиран странец по што можете да добиете државјанство. Токму овие правила, освен за семејството Асановиќ, се проблем и за уште дваесетина жители во селото. Бараат од државата да ги прифати како свои граѓани,бидејќи не можат да го остварат и правото на глас на избори.

Telma

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1