Триесет и тригодишен Белграѓанин викендов потешко си го повредил десното око кога ласерски зрак го погодил за време на концертот на Дејвид Гета на на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.
Организаторите ги инсталирале ласерските зраци на бината и ги насочиле кон публиката.
– Беше страшно! Ја слушав музиката и уживав, а потоа се вклучи ласерот и одеднаш нешто силно ме заслепи и почувствував силен удар во окото, – раскажува повредениот Срѓан В.
Портпаролот на „Егзит“ вели дека фестивалот ги почитува сите безбедносни правила за озвучување и осветлување.
– Секогаш се води сметка за посетителите, особено на настапите на таквите големи ѕвезди како што е Дејвид Гета, Стандардната оддалеченост се поместува за уште една граница поради безбедност на публиката. Невозможно е нешто такво да се случило. Доколку момчето тврди дека тоа навистина се случило, ќе се консултираме со нашиот адвокат, – соопшти портпаролот на „Егзт“
Извор: Telegraf.mk