IPhone 5 уби 23 год стујардеса – се јавила додека бил на полнач, ја удрило струја (Видео/Фото)


devojka kina telefon

Причината за смртната несреќа на 23-годишната девојка од Кина, веројатно бил струен удар додека телефонирала на својот iPhone 5, додека и бил приклучен на полначот.

Компанијата Apple ветила целосна истрага на случајот во соработка со кинеските власти, им рекле братот и семејството на жртвата, пишува shanghaiist.com.

„Длабоко не растажи кога дознавме за тој трагичен инцидент и нудиме сочувство за семејството. Ќе покренеме целосна истрага и сме спремни на детална соработка со властите за оваа истрага“, изјавил портпаролот на Apple.

Експертите од Хонг Конг ги предупредуваат корисниците дека не треба да користат никаков електронски уред додека им се полни батеријата, вклучувајќи ги и мобилните телефони.

Жртвата Ма Аилун работела како стјуардеса во авиокомпанијата China Southern Airlines.

devojka kina iphoneApple-to-probe-6572

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1