33 год момче ослепено од ласер на фестивалот Егзит


Триесет и тригодишен Белграѓанин викендов потешко си го повредил десното око кога ласерски зрак го погодил за време на концертот на Дејвид Гета на на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.

Exit-small2Организаторите ги инсталирале ласерските зраци на бината и ги насочиле кон публиката.

– Беше страшно! Ја слушав музиката и уживав, а потоа се вклучи ласерот и одеднаш нешто силно ме заслепи и почувствував силен удар во окото, – раскажува повредениот Срѓан В.

Портпаролот на „Егзит“ вели дека фестивалот ги почитува сите безбедносни правила за озвучување и осветлување.

– Секогаш се води сметка за посетителите, особено на настапите на таквите големи ѕвезди како што е Дејвид Гета, Стандардната оддалеченост се поместува за уште една граница поради безбедност на публиката. Невозможно е нешто такво да се случило. Доколку момчето тврди дека тоа навистина се случило, ќе се консултираме со нашиот адвокат, – соопшти портпаролот на „Егзт“

Извор: Telegraf.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1