33 години затвор за обвинетите во случајот Ореше


Велешкиот Основен суд денеска со четврта пресуда одлучи обвинетите за случајот со убиството на 71-годишен старец во село Ореше од 2 декември 2005 година се прогласени за виновни и добија вкупно 33 години затвор.

Нарачателот на убиството Ѓоре Петровски доби 13 години затвор, а браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски како извршители на убиството по 10 години затвор.apsenje orese

Според обвинението, Ѓоре Петровски сакал да му се одмазди на убиениот старец 71-годишниот Лазо Милошевски од село Ореше, бидејќи сметал дека пред повеќе години пукал во него и го ранил. За ова Петровски, кој тогаш живеел во САД, телефонски ги најмил браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски, кои го извршиле убиството за 20 илјади долари.

Убиството се случи на 2 ндекември 2005 во 20.45 часот додека 71-годишниот Лазо Милошевски подготвувал вечера во неговиот дом.

Оваа е четврта пресуда за овој предмет, првите две беа осудителни, а обвинетите добија по 12 години, а додека третата беше ослободителна. До правосилноста на пресудата осудените остануваат на слобода.

Овој маратонски судски процес траеше седум години и ќе остане запаметен поради бројни контраверзности: како притворот од две години за обвинетите браќа Ѓоргиевски, симнување на заштитен идентитет на сведок и осудени судии, обвинител и новинарот Томислав Кежаровски.

Според изјавата за медиумите од адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на браќата Ѓоргиевски, судската одлука е срамна.

– Очигледно е дека велешки суд калкулира и пресуди казна затвор од десет години. Ако се навистина сигурни, тогаш требаше да досудат доживотна казна затвор што јас во завршен збор побарав. Докази нема, апсолутно ниту еден материјален доказ. Нема доказ дека браќата пукале, ја нема пушката, земената парафинска ракавица не покажува дека кај нив има нитратни честички. Одземените обувки не се совпаѓаат со најдените отпечатоци на местото од каде е пукано. По којзнае кој пат обвинителниот акт е базиран на рекла-казала, а завршните зборови на обвинителката беа вербални зборови, рече Давидовиќ, бранител на браќата Ѓоргиевски.

Според обвинителката Славица Темелковски, која го застапува обвинението, постојат материјални докази кои посредно докажуваат дека обвинетите се сторители.

– Факт е дека вечерта Љупчо и Ордан биле во Ореше, кај себе имале огнено оружје. Факт е дека и Љупчо испукал следниот ден на лов два куршума од чист мир, онака без образложение. Прашање е зошто кога браќата оставале парична донација, испратена од Ѓоре од САД, наменета за локалната црква, барале да има секогаш некој од црковниот одбор. Заштитениот сведок Бреза или потоа обичен сведок Златко Арсовски, ги менува изјавите што е дел од конструкцијата на одбраната. Вештите лица објаснуваат дека тој зборува што нему му одговара во моментот, рече обвинителката Темелковски.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1