700 починати поради епидемија на свински грип во Индија


Здравствените власти во Индија се обидуваат да обезбедат доволно лекови за далечните болници ширум северна и западна Индија, каде владее епидемија од свински грип поради која починаа повеќе од 700 лица во последните десет недели

Министерството за здравство на Индија соопшти дека околу 11.000 случаи заразени со свински грип, се пријавени од средината на декември.influenza_virus

Иако се говори дека се работи за свински грип, лекарите велат дека ова е една верзија од пандемијата на грип од типот Х1Н1, грип кој прв пат се појави во Мексико во 2009 година.

Лекарите велат дека голем број смртни случаи се резултат на тоа што пациентите ја одложуваат посетата на болниците, и упатија апел до нив штом ќе почувствуваат симптоми веднаш да се јават на лекар.

Здравствените власти велат дека очекуваат бројот на заразени да опадне со затоплување на времето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1