33 годишен скопјанец е жртвата од сообраќајката кај „Мавровка“


Триесет и тригодишниот Блаже И. од населбата Илинден, скопско, го загуби животот во страотната сообраќајна несреќа која се случи синоќа околу 21 часот, кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје. Во сообраќајката тешко повредени се уште деветмина, од кои четворица се пуштени на домашно лекување, а останатите кои имаат тешки телесни повреди се задржани во болница.

soobrakjajka-kaj-mavrovka-7Како што информираат од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале повеќе возила, автомобил марка „југо скала 101“ кој го управувал сега покојниот Блаже И., „голф“ управуван од Ј.Џ. 52 -години од скопското село Студеничани и автомобил марка „фолксваген пасат“, управувано од дваесетгодишниот Ф.М. од Скопје.

Како што информираат од МВР,  Блаже И. со возило на Брза Помош бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде по укажаната лекарска помош, во 21.40 часот им подлегнал на повредите.

Во несреќата со тешки и полесни повреди се здобиле и сопатнциите во автомобилите кои учествувале во сообраќајката.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција во Институтот за судска медицина и вештачење, а возилата кои учествувале во незгодата се донесени во кругот на СВР-Скопје за вршење на технички преглед.

Во времето од 21.15 до 01.30 часот заради вршење на увид сообраќајот бил пренасочуван само на правците што водат према „Бит Пазар“, информираат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1