Антикорупциската комисија најавува дека ќе оформи предмет за случајот со вработената во Управата за јавни приходи, извесна Софче, која телефонски ургираше да не се казнува едно скопско кафуле поради неиздавање фискални сметки.
На тој настан сведочеше екипа на „360 Степени“ следејќи ги теренските контроли на Управата за јавни приходи во неколку града во државава.
Во УЈП на прашањето дали има внатрешна постапка и ако има – во која фаза е, одговориле
„Во врска со репортажата објавена во Вашата емисија „360 Степени“, во која е забележан обид за ургенции од даночен обврзник наводно користејќи познанства, Ве известуваме дека надлежни служби на Управата за јавни приходи го испитуваат случајот и во зависност од утврдените неправилности ќе се преземат соодветни мерки.“
Повеќе на : „360 Степени“