4 часа лекарите се бореа да спасат дете во Куманово – голтнало пластичен бисер


Детска игра за малку ќе завршела трагично. 19 месечно дете од Куманово додека си играло со венчето на поголемата сестра  ставило во уста едно од од бисерчињата. Во меѓувреме додека мајката била во тоалет,  сестричката  се обидела да го извади, но малото девојче почнало да плаче и го вдишало бисерот кој се спуштил во белите дробови. Како итен случај било примено на Клиниката за уво нос и грло. Девојчето на едно и пол годишна возраст било донесено во многу тешка состојба. Виталните органи почнале да откажуваат. Дишело само со помош на апарати, јавува Сител

devojce kumanovo

-Кислородната сатурација која што вообичаено се движи од 98-100 кај детето беше 35, што за нас анестезиолозите е многу алармантна состојба, а тоа се ценеше и по општата состојба на детето, изјави д-р Аница Алексовска, спец. Анестезиолог-реаниматор.

Вистинска драма да се спаси детскиот живот се одвивала во операционата сала за ендоскопска хирургија. Лекарите некоку пати го реанимирале.

-Го примивме буквално пред смрт, успеавме да го отстраниме туѓото тело и да го вратиме во живот. Пациентот сега е во стабилна состојба, изјави д-ρ Гоρан Мицевсκи шеф на опеρативниот блоκ на Клиниκата за уво, нос и грло.

Среќниот крај на приказната бил поздравен со аплауз. Најсреќна била мајката.

-Благодарност за целиот тим од клиниката, а посебно за д-р Мицевски и д-р Аница што ми го спасија детето, изјави мајката на детето.

Ова е само еден од многуте вакви случаи на Клиниката за уво нос и грло. Речиси секојдневно од телата на пациентите се вадат разновидни предмети кои случајно ги голтнале или вдишале во белите дробови. Д-р Мицевски ги чува сите предмети кои ги извадил од протези, шноли, бисери, дрва па дури и метални пари од еден денар.

Апел до родителите испрати  и мајката на 19 месечното дете од Куманово. Таа вели дека ја научила животната лекција и никогаш повеќе ни миг нема да го остави детето само.

-Апелирам до сите родители да не ги оставаат децата сами, апелираше мајката на детето од Куманово.

Сител.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1