Мега скандал составен од редица скандали! Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева полека но сигурно прераснува во епицентар на случувања со негативна карактеристика кои ја брануваат јавноста и кои оставаат темни дамки на оваа институција, пишува порталот Пресс 24.
Обвинителката Јанева бара 8(осум) пати повеќе пари од Обвинителството за организиран криминал
Прес 24, ексклузивно имаше можност да дојде во допир со општиот работен план, персоналниот план и финансискиот план кој ги има изготвено Катица Јанева, каде што се забележуваа благо кажано скандалозни побараувања и потреби кои таа ги наведува.
Она што остава драматичен впечаток на прв поглед е огромното мегаломанство за финансиски средства кои ги побарува новото специјално обвинителство. Верувале или не, специјалното обвинителство бара 8(осум) пати повеќе пари за дејствување отколку што добива пари Јавното обвинителство за борба против организиран криминал.
Според финансискиот план кој е потпишан од Јанева за функционирање на специјалното обвинителство се побаруваат само за еден квартал, односно за поселдните три месеци од 2015 година огромни 63 420 428 денари, или над 1 милион евра, или ако се земе годишно фантастични над 4 милиони евра!
За илустрација постоечкото Јавно обвинителство за борба против организиран криминал, институција која ги водеше случаите Монструм, акцијата за апсење на лица поврзани со ИСИС, фатениот кокаин од 500 килoграми, Фаланга, Змиско око, Пајажина, и низа други сериозни и комплексни случаи и врз основа на кој модел се правеше и требаше да функционира Специјалното обвинителство на годишно ниво се финансира со само 470 000 евра или 8 пати помалку од она што го бара Јанева за нејзиното паралелно обвинителство.
Само за плати и надоместоци за само еден квартал се побаруваат неверојатни 51 795 428 денари. За споредба државата со приближно толку пари финансира околу 4000 работни места за општи работници кои работат на јавни работи и тоа во период од шест месеци!
За стоки и услуги, каде што е наведено дека влегуваат репрезентациите, комуналните трошоци, патувањата, прехранбените продукти и пијалоци, семинари, средства за дезинфекција, објавување огласи и други ставки се побаруваат скоро 200 илјади евра или 11 025 000 денари, и тоа за само три месеци!
Обвинителката бара 30 бодигарди – толку немал ни Гадафи, а немаат ни Путин и Обама
Во поднесениот персонален план на специјалното обвинителство кој имавме можност да го видиме, покрај останатите небулози, она што боде очи е побарувањето на Јанева за 30 бодигарди, односно лица за обезбедување.
30 телохранители немаат ниту светските лидери Барак Обама и Владимир Путин, немаше ни диктаторото Моамер Гадафи, а немал ни борецот против мафијата Џовани Фалконе кој имал само еден возач!
Останува нејасно и компликувано и зошто Катица Јанева побарува 14 помошници јавни обвинители, 28 истражители, 4 соработници и 6 советници, особено ако се има во предвид дека се работи за само околу 25 предмети за кои СДСМ има поднесено пријави, што во јавно обвинителската струка претставува извонредно мал број на предмети. За ислустрација еден постоечки јавен обвинител од едно од регуларните обвинителства на месечно ниво во просек и тоа сам обработува помеѓу 25-30 предмети, односно ист број на предмети за колку што Јанева побарува 50 лица, во постоечката пракса ги работи само еден човек!