450 деца спасени од дом каде биле сексуално злоупотребувани


Мексиканската полиција интервенираше за да спаси повеќе од 450 деца, од еден детски дом во градот Замора, за кои се верува дека биле жртви на сексуално насилство.

Гуверенерот на мексиканската сојузна држава Мичоакан, Салвадор Хара и јавниот обвинител Хесус Муриљо на заедничка прес-конференција соопштија дека децата биле сексуално заведувани и обесчестувани, како и дека биле присилувани да питачат по улиците.

Сопственичката на домот, Роса дел Кармен Вердуско, како и осумина други лица вработени во домот, се уапсени и задржани во притвор.

Во „Куќата на големото семејство“, како што официјално се нарекува овој дом за деца, имало 278 момчиња и 174 девојчиња, меѓу кои шест на возраст од само три години.

pedofil_1Ова е досега најтешкиот инцидент со сексуално насилство врз деца и малолетници во Мексико.

Домот што локалното население популарно го нарекува „Домот на мама Роса“ постои повеќе од 40 години, па откритието на властите за состојбите што таму владееле предизвика шокираност во моексиканската јавност.

Полицијата интервенирала откако родителите на децата почнале да се жалат дека не им се дозволува пристап до нив, како и дека не може повеќе да ги гледаат. Меѓу мајките на децата има и такви кои и самите израснале во домот и таму родиле две деца.

Полицијата соопшти дека при интервенцијата спасила и 138 возрсани лица, на возраст до 40 години, за кои се тврди дека живееле во „ужасни услови“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1