„Туркиш ерлајнс“ превезува џихадисти?


Турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ превезува таџикистански борци во Ирак за да се приклучат кон џихадистите од Исламската држава во Ирак и Левантот (ИДИЛ), oбјави иранската информативна агенција Фарс.

turkish-airlines.jpg500Според информацијата на агенцијата, како што пренесува БТА, таџикистанските борци биле донесени во Истанбул на 2 јули со летот 254 на авион на „Туркиш ерлајнс“, кој полетал во 21:10 часот по локално време од Душанбе.

Борците оттаму биле префрлени во Ирак, за да се приклучат кон ИДИЛ.

„Туркиш ерлајнс“, според агенцијата, досега превезол околу илјада таџикистански борци за да се борат во Ирак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1