5 места во домот кои треба да ги чистите секој ден


zena-cistenje-260x152Кога ќе помислите на чистење на домот, дали мислите на менување на постелнина, раскревање, бришење прашина или на отстранување на бактериите од фрижидерот: многу често се меша расчистувањето и чистење на домот.

Местењето на креветот и менувањето на постелнината нема да ви помогне да се изборите со бактериите кои демнат од секој агол.

Еве пет места во домот кој треба да ги чистите секој ден.

Мијалникот и фрижидерот

friz-599x330

Каде има храна, тука се и бактериите. Всушност, истражувањата покажуват дека повеќе од половина милион бактерии по квадратен метар живеат само во вашиот мијалник. Покрај мијалникот, обрнете внимание и на внатрешноста и надворешноста на фрижидерот. Рачките од фрижидерот задолжително чистете ги секој ден. Внатрешноста пак, обидете се да ја чистите барем еднаш во неделата.

Чешмите во бањата

За вашата бања да биде чиста, односно, во неа да има што помалку бактерии, секојдневно чистете ги славините. Нема потреба да напоменуваме да ги менувате пешкирите еднаш неделно. Знаете и дека треба да се перат во жешка вода за да се ослободите од бактериите.

daljinskoИграчки

Со оглед на тоа што малите рачиња на децата имаат навика да „лутаат“ секаде пред да завршат во уста, ова е многу важно: мијте ги детстките играчки што почесто.

Далечинскиот управувач, тастатура и телефон

Далечинскиот управувач се остава насекаде. Поради тоа важно е секојдневно да го бришете. Освен далечинскиот, не заборавајте да го пребришете и мобилниот телефон и тастатурата од компјутерот.

Прекинувачи за светло и кваки

На крај, задолжително чистете ги прекинувачите за светло и кваките. Тие се допираат безброј пати во текот на денот и сосема е нормално да се вистински магнет за бактерии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1