Во пензија да се оди на 70 години, предлага Британија


Денешните дваесетгодишници ќе работат до својата седумдесетта година, според најновите планови на министерот за финансии на Велика Британија Џорџ Озборн, пренесува Дневник.

umirovljenici penziciВо своето редовно есенско обраќање Озборн најави дека планираното поместување на старосната граница за одење во пензија ќе биде забрзано и ќе се оствари веќе во 2030 наместо во 2046 година. Според неговите зборови, денешните 40-годишници ќе стекнуваат право на пензија на 68 години, а оние што сега имаат по 20 години, пензионери ќе станат на 70-годишна возраст.

Ова поместување на старосната граница ќе ~ овозможи на Британија да „зачува“ околу 400 милијарди фунти во наредните две децении, а освен тоа, и уште 100 милијарди, кои веќе се пресметани со поместување на границата за одење во пензија со 66 години во 2020 година.

Експертите од британската влада прават пресметки врз основа на принципот дека „вработените мора третина од својот возрасен живот (од 18 нагоре) да го минат во пензија“, а ревизијата на формулата за пензиски систем ќе биде редовно разгледувана секои пет години.

Иако невработеноста во октомври е благо намалена, бројот на работно активно население без работа достигна рекордни 3,27 милиони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1