5 милиони евра вредна барокна фасада за Факултетот за драмски уметности


Зградата што се гради до црквата „Пресвета Богородица“, во која ќе бидат сместени повеќе државни институции и Факултетот за драмски уметности, ќе добие барокна фасада вредна околу 5,5 милиони евра.

59B0EB5704CC324881ECAA0A2092801BЌе ја прават две фирми избрани на тендер што го распиша Службата за општи и заеднички работи при Владата. „Бетон“ за своите градежни работи на фасадата ќе добие околу 4,4 милиони евра, а „НИПРОМ Николов Петре“ од Струмица ќе изведува работи во вредност од 1,1 милион евра. Според договорот, „Бетон“ својот дел од обврските треба да ги заврши за 10, а струмичката фирма за два месеца, пишува Утрински Весник.

Објектот, кој ќе има седум ката и потпокрив, во него ќе бидат сместени Бирото за судско вештачење, Управата за јавни приходи (големи даночни обврзници), Агенцијата за планирање на просторот, Дирекцијата за спречување перење пари, Државниот девизен инспекторат, Државниот завод за индустриска сопственост, Националната агенција за европски образовни проблеми, Бирото за регионален развој, Технолошки индустриски зони, Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и Факултетот за драмски уметности. Секоја од државните институции и ФДУ ќе имаат посебни влезови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1