Државата ќе дава кредити за изградба на приватни градинки


Државата обезбеди поволни кредити за сите што се заинтересирани за изградба или реконструкција на приватни градинки, најави Александар Ѓорѓиев, портпаролот на Владата.

gradinka decaНа тие што планираат да влезат во оваа дејност ќе им бидат достапни четири финансиски програми. Првата линија е од постојниот кредит од ЕИБ преку МБПР при што може да се подигнат од 50 илјади евра до 3,5 милиони евра со каматна стапка од 5,5 проценти. Втората кредитна линија е од Револвинг фондот од италијанската влада, каде што кредитирањето е од 50 до 400 илјади евра со каматна стапка од 6 отсто годишно. Од кредитниот гарантен фонд ќе можат да се искористат средства од 10 до 300 илјади евра со камата од 6,75 проценти. Од МСП кредитната линија можат да се подигнат од 15 до 500 илјади евра со каматна стапка од 6,5 отсто.

– Парите, освен за изградба на градинки, ќе може да се користат и за доградба и реконструкција на постојните, за набавка на опрема и покривање трошоци за плати и изработка на развојни планови – рече Ѓорѓиев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1