5 момчиња на 19 год возраст загинаа во страшна несреќа кај Белград (Видео)


Пет момчиња на возраст од 19 години, загинаа утрово во тешка сообраќајна несреќа во Батајница, на автопатот кон Нови Сад, потврди МВР Србија.

nesrecaКако што пренесе РТС, момчињата загинале на лице место во автомобил марка ,,Ауди,,. Сите деца се од Белград.

Несреќата се случила околу 3.25 часот на заобиколницата на автопатот Белград-Нови Сад, кога возилото со кое патувале петмината тинејџери удрило во столб од надвозникот во изградба, пренесе Танјуг.

Досега е утврден индентитетот на три момчиња, кои се родени 1995 година. Увидот е направен, а сообраќајот не беше во прекин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1