НЕСРЕЌА: Автомобил удри 9 год дете во Сарај


Деветгодишно дете се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу пладне на ул. „1“ во село Сарај во него удри автомобил „цитроен“, управуван од жител на село Глумово.

policijaMKDСо возило на Брза помош повреденото дете е пренесено во ГОБ „8 Септември“ каде што се констатирани тешки телесни повреди.

Сообраќајната незгода во Сарај е една од 10-те регистрирани на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа, од кои три се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, четири сопатници и еден пешак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1