Најмалку 10 лица загинаа, од кои две се деца, а десетина други се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија црноморскиот град Варна, предизвикани од поројните дождови што деновове врнат во повеќе делови на Бугарија.
„Поплавите земаа 10 жртви во Варна, а ја земаа и втората жртва во Добрич, место од кое се евакуирани 150 лица, и уште 40 од Велико Трново“, соопшто бугарскиот министер за внатрешни работи Цветелин Јовчев.
Раководителот на регионалната полициска управа во Варна, Николај Калчев синоќа соопшти дека полицијата до тој момент пронашла тела на 10 удавени лица.
Тој нагласи дека не може да го прецизира точниот број на исчезнати лица, нагласувајќи при тоа дека поголемиот дел од Варна е под вода.
Бугарските телевизии емитуваа снимки од Варна на кои се гледаат поплавни улици, при што нивото на водата на одредени места достигнува и до еден метар. Во градот се испратени сапувачи екипи, кои им пружаат помош на настраданите.
Делови на Бугарија последниве денови се зафатени од поројни дождови и град, кои предизвикаа повеќе дефекти во електро бреносниот систем, поради што илјадници лица остнаа без електрична енергија.









