Пет лица се повредени во сообраќајка што се случила на магистралниот пат Штип-Радовиш синоќа околу 21 часот.
Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила „Алфа Ромео“ со скопски регистерски таблички и „Фоклсваген Поло“ со штипски регистерски ознаки.
Според првичните информации од полицијата дошло до директен судир меѓу двете возила кои се движеле во спротивен правец кај местото викано ,,Директорска кривина“.
Од силината на ударот автомобилот „Алфа ромео“ излетал од патот и се превртел. Во „Алфата“ се превезувало тричлено семејство, маж, жена и дете од Кочани, а во „Фолсфагенот“ имало двајца патници, зет и шура од Радовиш.
Според информации од дежурниот лекар во штипската Клиничка болница сите петмина се на одделението за хирургија. Најтешко поминала, со повреди на главата, жената од едниот автомобил, додека детето и нејзиниот сопруг немаат потешки повреди, но се задржани на набљудување. Со набиенци по екстремитите се двајцата повредени од Радовиш.
Полицијата ги утврдува причините за несреќата.