5 судии ја добија Македонија пред Судот во Стразбур – Ќе им се исплати оштета


Виолета Дума, Славица Геровска Попчевска, Гоце Јакшоски, Иво Поповси и Мирослав Труфиновски ги добија споровите против Република Македонија пред Судот во Стразбур.pravda sud

Во образложението од Судот се вели дека поплаките на судиитте за нефер сослушувања и влијанија на извршната власт врз одлуките на Судот да бидат отстранети од Судскиот Совет се оправдани.

Сите судии во 2007, 2008 и 2009 ги загубиле своите позиции во Судскиот совет. Тие се жалеле пред другите судски инстанци, како Управниот и Врховниот Суд, но безуспешно, по што следела тужбата пред Судот во Стразбур за прекршување на нивните човековите права за фер судење.

Сите заедно треба да добијат оштета од 20,000 евра, а дополнително треба да им бидат надоместени и трошоците

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1