Капки крв по ѕидовите , парчиња од автомобил и стакло – страотна слика во подрумот на пазарната инспекција. 5 млади момчиња трагично го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа. Како што јавува Сител момчињата се враќале од ергенска вечер. Сите пет момчиња се другари од Скопје а меѓу нив се и двајца братучеди.
Околу 3 часот по полноќ возејќи се со автомобилот марка Бе Ем Ве по Јужниот булевар, излетале од улицата и завршиле во подрумот на пазарната инспекција кај Рампа. Неприлагодента брзина и влажниот коловоз се најверојатно причината поради која момчето изгубило контрола над воланот. Од силниот удар момчињата на возраст од 27 и 28 години веднаш починале во смачканиот автомобил.
Во несреќата животите ги загубиле, Александар Стаиќ, Борче Стаиќ, Горан Ѓоргиев, Живко Колев и Филип Биркаш, на возраст од 27 и 28 години.
Две од загинатите момчиња се од Кисела Вода, 2 од Гази Баба – возеле 200км на час (Видео)
Возилото во кое загинаа 5 млади се забило во зграда – распарчено на делови, загинале на место (ФОТО)
Познат идентитетот на загинатите 5 момчиња кај „Рампа“ – сите на возраст од 23 до 28 години
Видео – Бриф.мк