50 деца заробени од одрон на земјата во планинарскиот дом во Крушевац


Педесет ученици од средните училишта од Крушевац, се “заробени” во планинарски дом, поради одрон на земја на патот кој води до планината Јастребац.

kursumlija-pod-vodom-poplave-foto-milen-dordevic-1397909383-482647Екипите на Штабот за вонредни ситуации работат на безбедно враќање на учениците. Веќе се тргнати да ги извлечат децата, но нема повратна информација како се – бидејќи се во прекин телефонските врски, а нема сигнал ниту за мобилни телефони.

Сепак според проценките дечињата уште вечерва ќе бидат во своите домови.

Патниот правец Крушевац – Јастребац е во прекин поради одрон на земјиште, што пак е последица од големите дождови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1