50 откази во „Пивара Скопје“ – поради новите машини без работа луѓе


50 вработени во скопската пиварница ќе добијат откази поради организациско преструктуирање на компанијата.

Од пивара велат дека станува збор за укинување на несуштински дејности, а дел од работните места се укинуваат поради модернизација на производството. Или што би значело автоматизирање и нови машини на кои не е потребно да работат луѓе

– Програмата за организациско преструктуирање ќе биде спроведена транспарентно, во соработка со вработените, според јасно дефинирани и прецизни критериуми, во согласност со роковите и со процедурите пропишани со закон и преку активен дијалог со сите засегнати страни – се вели во соопштението од „Пивара Скопје“.

Отпуштените ќе добијат околу 10.000 евра (24 нето-плати). Во скопската пиварница се вработени околу 400 лица, од пиварницата велат дека паралелно со процесот на укинување на некои работни места продолжуваат интензивни вложувања во производството на пиво и безалкохолни пијалаци каде што само во изминатата деценија беа инвестирани над 50 милиони евра.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1