Кинеската полиција успеа да спаси повеќе од 500 мачки натоварени на камион, за кои се верува дека биле наменети за еден кинески ресторан.
Камионот е запрен во градот Хузхоу од полициски службеници, поради сомнитениот товар, јави Миа.
Мачките се пронајдени ставени во кафези и вреќи.
Според полициските службеници возачот на камионот првично изјавил дека превезува зајци, но полицајците по проверката на товарот откриле мачки.